Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Муниција за пушки сачмарки, делови на патронот за пушки сачмарки

Posted by  Published in: Балистика

 Муниција за пушки сачмарки

Според својата намена, муницијата за сачмарките може да биде: стандардна (за отстрел на ситен дивеч) и специјална (за отстрел на крупен дивеч). Без оглед на намената оваа муниција треба да ги исполнува следниве услови:

-     да е надополнета со соодветно (дозирано) количество барут;

-      нормално да се пали и нормално да согорува барутот и

-      да развива нормален притисок во цевката на сачмарката.

Во овој вид на муниција постојат:

-       полнење со сачми

-       полнење со кугла

Полнењето на патронот за сачмарка може да се врши на класичен и на современ начин. Патронот полнет на класичен начин се состои од чаура, запалка (каписла), барутно полнење, тапа, сачми и капаче (поклопец).

Патронот полнет на современ начин се состои од пластична чаура, каписла (запалка), барутно полнење, пластичен чеп (обично со концентратор). Затварање на патронот се врши во облик “звезда“ без капаче.

Класичниот тип на чаура (хартиена чаура) се изработува од цврст пресуван картон со метално појачување на дното од надворешна страна, каде се наоѓа местото за каписла. Обично се изработуваат според кавалитетот на барутот, па затоа постојат различни чаури. Така според изработката постојат:

-       чаура за димен барут – во кои нема никакво појачување од внатрешната страна на ѕидот на чаурата и

-       чаура за бездимен барут – во кој може да биде појачан барутниот простор во вид на влошка со пропишана висина за одреден тип на барут.

Влошката служи за во него да се стави определена количина барут (како мерка), за на него да налегне капачето. Важно е да се знае дека помеѓу барутот и капачето треба да има “празен простор“ за да се обезбеди одредена количина кислород која овозможува потполно согорување на барутот.

Чаурите се прават во две основни должини од 65 мм и 70 мм. Подолги чаури можат да се употребуваат само во пушки со лежиште кое одговара на патроните, додека кратките можат да се употребуваат без разлика на должината на лежиштето на чаурата во цевката.

Освен картонските чаури се прават и чаури од метал и пластика кои се отпорни на високи температури и притисок.

Патронот за сачмарките е составен од следниве делови:

-     чаура;

-     каписла;

-     барутно полнење;

-     тапа;

-     капачиња;

-     сачма (или кугла) и

-     дополнителни елементи (концетратори и дисперзери).

 Надолжен пресек на полн патрон од сачмарка

1 – каписла, 2 – картонско зајакнување, 3 – барутно полнење, 4 – катринисано капаче, 5 – тапа, 6 – картонско капаче,    7 – сачми, 8 – тело на чаурата и 9 – картонско капаче.

 

Каписла (запалка)

Тоа е мала месингана чаура во која се наоѓа смеса (иницијален експлозив) за палење на барутот. Смесата е многу осетлива на удар и од удар на иглата во дното на капислата смесата се пали и го пренесува пламенот на барутното полнење. На кутијата со каписли е означено за кој вид на барутот се наменети капислите. Капислите за димен барут се означени како 5,45 и 6,45, додека капислите за бездимниот барут како “жевело“ или “шнепф“ каписли.

Капислите за димениот барут не се употребуваат за потпалување на бездимниот барут, бидејќи иницијалната смеса не дава доволно силен пламен за да се иницира палењето на барутот.

 

Барут

Барутот е лоснозапалива експлозивна материја. Како резултат на брзите хемиски и физички процеси, барутот при согорувањето создава механичка сила. Овој процес е мошне брз, силен и ослободува голема енергија.

Неговата улога е при согорување во затворен простор и преку создавање големи количини гасови, да ја потисне тапата и на сачмата да и ја даде потрабната почетна брзина. Значи барутот е вид на експлозив кој има потиснувачко - исфрлачка (фугасна) особина.

Разликуваме два вида на барут:

-црн или димен барут и

- бездимен или нитроцелулозен  и нитроглицерински барут

И од едниот и од другиот има разни видови, но особините им се слични.

 

Црн или димен барут

Црниот барут, фактички претставува смеса од:

-       калиумов нитрат     78%

-       сулфур                     10%

-       дрвен јаглен             12%         

Тој многу лесно се пали, прави многу дим и остава многу чад во цевката. Нормалното полнење на црн барут од 4,5 грама за сачмарка калибар 16 развива притисок од околу 400 атмосфери. Притисокот е нешто послаб во лежиштето на патронот, од каде почнува да расте за на врвот на цевката тој стане најсилен. Од таа причина ваквиот барут дава посилен истрел и пушката има поголем трзај, одколку кај патроните изработени од бездимен барут.

Со зголемување на количината на барут рамномерно се зголемува и притисокот, при што отприлика за 1 грам зголемување на полнењето притисокот се зголемува за 100 атмосфера. Заради тоа црниот барут може да се полни и со мерица. Тој може да се употребува и во чаури без појачување. Заради разновидното производство, за време на полнењето потребно е да се придржува до упатството на кутијата.

Се чува во добро затворено пакување, најдобро во темно шише, на суво и ладно место. Осетлив е на влага.

Црниот барут е за два пати послаб од бездимниот, но затоа е леснозапалив и согорува прогресивно (постепено). Поради ваквите негови карактеристики, цевките кај сачмарките што користат црн барут се подолги. Во последно време овој барут се помалку се користи во ловството.

 

Бездимен или нитроцелулозен  и нитроглицерински барут

Бездимниот барут се изработува од нитроцелулоза (нитрирана целулоза) – како активна експлозивна компонента. Со додавање нитроглицерин, се добива поинаков состав на барутот.

На отворен простор при запалување, овој вид на барут гори споро и рамномерно и развива мала количина послабо видлив дим. Тој потешко се пали од црниот барут, поради што се користат само специјални каписли за бездимен барут. Многу е појак од димниот барут и како за споредба:

-       за сачмарка со калибар 16 полнење со бездимен барут од 1,80 грама развива притисок од околу 500 атмосфери.

-       за сачмарка калибар 16 полнење со црн барут од 4,50 грама развива притисок од околу 400 атмосфери.

Со зголемување на тежината на полнењето бездимен барут, притисокот кој таа количина го произведува не се зголемува рамномерно како кај црниот барут, туку прогресивно. Така, зголемување од 0,50 грама го зголемува притисокот на околу 1000 атмосфери, а зголемување од 1 грам околу 3500 атмосфери. Заради тоа, при дозирање на бездимниот барут не е препорачано да се мери со мерица туку со прецизна вага, бидејќи и најмала грешка може да доведе до прскање на цевката. Поготово не смее да се мерат со мерица италијанските барути, затоа што се потешки од останатите.  

За разлика од цриот барут, кај бездимниот најголемиот притисок при истрелот е во лежиштето на патронот, а кон врвот на цевката тој е се послаб. Поради тоа, тој произведува потивок истрел и има незначителен трзај, па цевките можат да бидат нешто пократки одколку пушките за црн барут. Како резултат на многу различните видови на изработка со различна и специфична тежина и јачина, бездимниот барут треба да се полни само според упатството назначено на опаковката. Треба да се има во предвид дека не смее да се уптребува војнички бездимен барут за пушки сачмарки.

Тој се чува во добро затворено пакување на суво и ладно место. При долго чување доаѓа до разградување и промена на особините, па затоа по потреба треба да се набавува количина која може да се потроши за една сезона.

За ловечко оружје најмногу се користи нитроцелулозниот и нитроглицеринскиот барут. Нитроглицеринските барути енергетски се најсилни, побрзо согоруваат и развиваат значително поголема температура.

 

Катринисано (терасирано) кашаче

Над барутот се става катринисано капаче. Тоа е премачкано со тенок слој катран (тересирано) и има функција да го заштитува барутот од влага. Покрај тоа неговата задача е да спречи контакт помеѓу барутот и парафинот (кој е натопен со филцан чеп), потоа да спречи непосредно влијание на барутните гасови врз еластичниот чеп и при набивањето да спречи чепот да налегне и пресилно да го натисне барутот.

 

Тапа

Тапите што се користат за полнење на патроните, можат да бидат изработени од хартија (за црн барут), филц, плуто, пластика и др. Најмногу се употребуваат парафирани филцани тапи, кои покрај доброто запушување, обезбедуваат и заштита на барутот од влага. Многу земји забрануваат употреба на хартиени тапи поради можноста за предизвикување пожар.

Улогата на тапата е да ја пополни празнната меѓу барутот и сачмите, а при согорување на барутот да го спречи пробивањето на барутните гасови пред сачмите, да го прими целиот притисок на барутни гасови и рамномерно да го пренесе на сачмата.

Поради тоа таа треба да е доволно еластична, при притисокот на барутните гасови и отпорот на сачмите незначително да се шири и херметички да го затвори отворот на цевката. Ако отворот на цевката тапата не би го затворала херметички, барутните гасови би проаѓале помеѓу чепот и цевката поради што би се губела нивната сила. Покрај тоа барутните гасови би ја растопиле сачмата која остава оловни траги во цевката.

 

Капаче

Тоа се става под и над тапата. Улогата му е да ја одвои тапата од барутот, односно да ги одвои сачмите од тапата за да не се втиснат во филцаната тапа, како и за притискањето врз сачмите да биде рамномерно. Со капачето исто така се поклопува – затвара сачмата, со што покрај другото служи и за обележување на бројот односно големината на сачмата. Во патроните кај кои завршниот дел од телото на чаурата се пресува во ѕвезда, над сачмите не се става капаче.

 

Сачма

Сачмата претставува топчести оловни зрна. Таа може да биде тврда или мека. Денес во употреба се таканаречени “тврди сачми“ што се изработуваат од легура на олово, арсен (1,4-1,6%) и антимон (околу 2%). Тврдата  сачма е подобра затоа што помалку се деформираа при поминување низ цевката и правилно оди кон целта. Ваквата сачма полесно и подлабоко навлегува во телото на дивечот.

За разлика од неа, меката сачма се деформира при поминување низ цевката, остава трагови од олово во цевката, неправолно оди према целта и има повеќе залутани зрна.

Сачмата се изработува во разни големини и во различни држави различно се обележуваат. Кај нас според големината на пречникот тие се нумерира со бројки, така што големите броеви ги означуваат ситните, а малите броеви крупните сачми.

Ситните сачми се лесни, и брзо ја губат брзината, имаат мал дострел и повеке се растураат. Крупните сачми се потешки, поспоро ја губат брзината, имаат поголем дострел и правилен сноп.

  

 

За отстрел на крупен дивеч наместо сачми се користи посебно конструирано зрно. Најмногу се во употреба куглите познати под името “бренеке“ и “идеал“. Во чокираните сачмарки не смеат да се употребуваат зрната од типот – идеал, додека куглата бренеке може да се користи во сите сачмарки (чокирани или цилиндрични).

 

Затворање на патронот

Над сачмите се поставува обичен картонски поклопец и се затвора патронот со подвиткување на рабовите на чаурата кон внатрешната страна. Патронот треба да биде цврсто затворен, да дава што појак отпор на барутните гасови, да допринесе за потполно активирање  на барутот и да спречи просипување на сачмите. Поклопецот треба да биде јак и крут. Се изработува од хартија, плута или од пластична маса.

Има чаури кај кои горните ивици се така подесени да може да се свиткаат и со нив се затвори патронот наместо со поклопец. Ваквите чаури се подобри, бидејќи после истрелот страните им се исправуваат и поклопецот не им смета на патеката на сачмите.

 

Сноп на сачми

Со ударот на иглата на капислата таа го пали барутот, при што тој во поголемиот дел моментално согорува и создава голема количина на барутни гасови кои преку капачето силно ги потиснуваат сачмите. Сачмите наидуваат на отпорот на поклопецот, односно на затворената чаура, но под дејство на силниот притисок на гасовите, тие се движат низ цевката во насока кон нејзиниот отвор.

Со излегување од цевката сачмите наидуваат на отпорот на воздухот, поради што нивната брзина се намалува и тие постепени се разидуваат, така што низ воздухот снопот добива облик на инка, која како сачмите се повеќе се одалечуваат од цевката станува се поширока. Кај ситните сачми радиусот на инката е поширок, а кај крупните е потесен. Силно чокираните цевки го стеснуваат обемот на инката.

При минувањето низ цевката периферните сачми се стругаат од цевката и се деформираат, па веднаш по излегувањето од цевката наидуваат на посилен отпор на воздухот поради што застрануваат далеку на страна од својата насока. Таквите зрна меже да забегаат и до 60 степени.

Сачмите ја менуваат насоката и кога ќе удрат во некој предмет (камен, гранка, тврда земја и сл.) и тогаш “бегаат“ во страна што може да предизвика несреќа. Тоа го нарекуваме рикошет.

 

Дополнителни елементи (концетратори и дисперзери)

Во делот каде што се сместени сачмите, претходно можат да се стават надолжно вкрстосани картончиња или вертикално поставено картонче во средишниот дел од сачмите. Овие дисперзатори и даваат на поситната сачма (бр.12 и 14) поголем посип, што е од значење при отстрелот на поситниот пердувест дивеч. Слични балистички каркатеристики се добиваат ако сачмата во патронот се подели со две хоризонтално поставени капачиња.

 

 

Weather

Cloudy

15°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 57%
Wind: E at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698376
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
199
544
743
15920
698376

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:43:31
Web Analytics