Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Балистика

Во Република Македонија процедирата за набавка на ловечко оружје е регулирана со Законот за оружје донесен во 2005 година, кој до сега има претпрпено 10 измени и дополнувања. Со него се дефинирани термините поврзани во врска со оружјето, видовите оружје, неговите делови, процедурите за набавка на оружје и сл.

Согласно овој Закон, набавка на ловечко оружје, делови на оружјето или муниција може да се изврши само врз основа на одобрение за набавување на оружје, одобрение за набавување на делови на оружје или одобрение за набавување на муниција, кои важат шест месеци од денот на издавањето на одобрението.

Во денешно време употребата на бездимен барут и запаливи смеси на база на оловни соединенија, кои помалку ја нагризуваат цевката, го олеснуваат одржување на пушките. Редовното одржување на пушката го продолжува векот на траење и ја намалува можноста за расипување и пореметување на балистичките својства и создава убав впечаток за нејзиниот сопственик. Со малку грижа, голем број пушки лесно можат да го надживеат нивниот сопственик.

 

Колку истрели може да издржи просечната ловечка пушка и како ловџијата може да и го продолжи работниот век ? На овие две прашања веројатно има одговори колку и ловџии. Да бидеме релни, солидна сачмарка или карабин без проблеми може да издржи еден цел ловечки век, а ако сопственикот грижливо ја одржува и значително подолго. Сепак во праксата, се разбира се е релативно од случај до случај.

Крајот на сезоната на лов е вистинско времедетално да го прегледаме своето ловечко оружје. Деталното раздвојување на металните од дрвните делови што е задолжителна постапка при чистењето на оружјето, треба да почне во целосна атмосвера на тишина и трпение. Механичките оштетувања и ситните дефекти се нормална работа, лесно се забележителни и едноставно го тераат сопственикот на оружјето брзо да интеренира, меѓутоа тивкиот прикриен непријател на нешто оружје, корозијата, стрпливо чека да и се заврти грбот па да почне со гозбата. Користењето на оружјето воедно значи трајна изложеност на многубројни хемиски агенси од непосредната околина и воздух кој предизвикува корозија на челикот. Во учебниците често се пронаоѓа изразот железо одколку челик, па своите челици ќе ги третираме како да немаат оплеменувачи и ќе ја опишеме корозијата која е карактеристична за Fe (ferum – железо).

Искуствата на голем број ловци говорат за практичноста на ловечките пушки со комбинирани цевки. Комбинираното оружје е многу практично и корисно, особено кога истовремено се лови крупен и ситен дивеч. Ловецот во секој момент е во можност да лови ситен дивеч со сачма, а крупен дивеч со карабинско зрно.

Со комбинираното оружје добро се гаѓа и погодува, бидејќи ловецот со подолго користење на еден кундак подобро се навикнува на пушката. Голема предност на ова оружје дава и можноста за монтирање на оптички нишани, кога добиваме и многу доверлив карабин за пукање од чеки.

Најскап дел од ловечкиот комплет секако дека е оружјето. Покрај новите прописи и процедури за набавка на оружје, лесно би можело да се случи во лов да почнеме да одеме со дренови колци, а не со сјајни убавици и современа опрема. Затоа од исклучителна важност е правилната грижа за нашето оружје за тоа да може долго и успешно да не служи. Прилично многу наши ловци со жал се присетуваат на своето челично милениче, кое започнало како салонски, а завршило како музејски експонат. Силните мразеви, дождот, кондензацијата и наизбежливите “машки“ лузни на кундакот и металот кои најчесто не потсетуваат на малото невнимание при транспортот и лошиот избор на опремата.


Кратката цевка сама по себе на подразбира и паѓање на прецизноста и употребливоста на ловните карабини на поголеми далечини. Далеку поголемо влијание има прецизноста на обработката на устата на цевката и квалитетот на самото оружје

 

 

За разлика од пушките со изжлебени цевки (кугларите), кај пушките сачмарки брзите рефлекси и прилагодливоста се пресудни за прецизно гаѓање. Правилната техника ќе ви помогне брзо да го совладате пукањето од пушка сачмарка.

Weather

Mostly cloudy

23°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 88%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Sunday
Partly cloudy
18°C / 30°C
Monday
Scattered thunderstorms
19°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C
Wednesday
Mostly sunny
15°C / 31°C

Translator

Visitors Counter

779098
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
406
517
2648
10904
779098

Your IP: 54.198.195.11
Server Time: 2018-08-18 18:46:03
Web Analytics