Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

На денешната средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство која денеска оствари средба со ловџиите во Струмица, информираше дека продолжуваат разговорите со ловечките друштва со сите концесионери и со Ловечката федерација, за што е можно поскоро да се подготви нова Закон за ловството со кој би требало да се решат долгорочните проблеми на ловците, а воено да се воведе и нова регулација во секторот.

Дел од ловците и ловечките друштва од овој крај оценуваат дека македонското ловство според степенот на развој е на последно место во Европа. Поради тоа ќе се формира работна група од претставници на МЗШВ, науката и Ловечката федерација за да се види во кои делови Законот за ловство треба да се смени и веќе наесен законските измени да се најдат пред Собранието на Република Македонија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска оствари средба со ловџиите во Струмица, на која ги најави новите критериуми за полагање на ловечкиот испит.

„Со измените на законот за ловство кои што ги направивме, со укинувањето на електронското полагање кое што се одвиваше само во Скопје, од сега ќе се одвива низ целата територија на Република Македонија, а започнува од утре, 9-ти Јуни во Пехчево“ – изјави министерот Љупчо Николовски

Убава вест наскоро треба да пристигне од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите идни ловџии од нашата држава, бидејќи забрзано се привршуваат подготовките за одржување на ловечки испит за кој што верувам дека има голем број на заинтересирани граѓани. Како увертира на ловечкиот испит, стручната комисија за полагање на ловечки испит од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави прашањата кои ќе бидат дел од овој ловечки испит, се со цел да им се излезе во пресрет на идните ловџии и да им се помогне подобро да се подготват за ловечкиот испит.

За жал ловокрадството е широко распространета појава во нашата држава и не ретко тие поставуват т.н. “примки“ или замки на кои се фаќаат и животни кои се под трајна заштита.

Последен во низата вакви немили настани е фаќањето на мечка во овие стапици во струшкиот ловен реон. Сепак, благодарение на реакцијата  и храброста на група ловџии од  ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани, успеале да ја ослободат и да ја спасат од сигурна смрт мечката која била фатена во челична замка.  Животното било заплеткано во жичана сајла во шумата над селото и ако ловџиите не  ја пронајдеа и спасиле, таа најверојатно ќе угинела во страшни маки.

Ловот на фазани е посебен предизвик за секој ловџија. Тој бара голема прецизност кај секој љубител на ловот, а само оние, највештите стрелци можат да се пофалат со добро уловен дивеч. Фазаните главно се ловат на три начини: со пребарување со помош на ловџиските кучиња, со бркање и со чека. Сите три начини на лов бараат многу сериозна организација и дисциплина во текот на ловот, пред сѐ заради самата безбедност на ловџиите.

Начинот на лов со пребарување со помош на куче, може да биде поединечен или групен, додека другите два начина само групен и тоа изискува дополнителни мерки на внимателност, оти со учеството на повеќе ловџии во групниот лов и опасноста за загрозување на нивната безбедност е поголема.

На седница бр.41 на Собрание на Р.Македонија одржана на 12.04.2018 година, беше изгласани Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за ловството. Иако се очекуваа повеќе измени и дополнувања на Законот за ловството, сепак најзначајно што се смени е само начинот на полагање на ловечкиот испит.

Во продолжение можете да ги прочитате предлозите за изменување и дополнување на Законот за ловството:

 

 

ПРЕДЛОГ -  ЗАКОН

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОВСТВОТО

 

 

 

Член 1

Во Законот за ловството (Службен весник на Република Македонија, бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15 и 193/15), во членот 57 по ставот (5) се додава еден нов став (6) кој гласи:

 

„(6) Дозвола за ловење на дивеч во ловиштето може да се издаде само за оној дивеч за кој е установено ловиштето односно за кој се плаќа надомест за концесија, за дивечот без заштита и за дивечот од член 12, став (1) алинеја 19.“

 

Ставовите (6) и (7) стануваат ставови (7) и (8).

 

 

Член 2

Членот 58 се менува и гласи:

 

“(1) Ловечкиот испит од член 57 став (4) од овој закон се полага пред стручна комисија за полагање на ловечки испит која ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и истата е составена од четири члена од редот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со шумарска струка и положен испит по предметот ловство/ловно стопанство со најмалку пет години работно искуство во струката.

(2) Ловечкиот испит се полага усмено со одговарање на определен број прашања според Програма за полагање на ловечкиот испит.

(3) Ловечкиот испит се состои од два дела и тоа:

- прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите со одговорање на определен број на прашања и се одговара усно и

- втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста за препознавање на видовите дивеч и практичната примена на одредбите од законската регулатива и се полага усно.

(4) Стручната комисија за полагање на ловечки испит секоја година подготвува база на прашања за полагање на ловечкиот испит изработени врз основа на програмата од став (2) на овој член и истите се објавуваат јавно преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(5) При подготовката на базата на прашања стручната комисија за полагање на ловечки испит особено ги има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на ловечкиот испит.

(6) Трошоците за полагање на ловечкиот испит се на товар на кандидатот.

(7) Висината на трошоците од ставот (6) на овој член се определува врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на испитот, подготовката на базите на прашања, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија.

(8) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(9) Потврдата за уплатени средства за полагање на ловечкиот испит кандидатот ја доставува во прилог на барањето за полагање на ловечки испит.

(10) На членовите од стручната комисија од став (1) на овој член им следува паричен надоместок, за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.

(11) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува содржината на Програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на трошоците за полагање на ловечкиот испит како и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит.“

 

 

Член 3

Насловот пред член 58-а се брише и членот 58-а се менува и гласи:

 

“(1) Право на полагање на ловечкиот испит имаат сите полнолетни државјани на Република Македонија кои имаат поднесено барање за полагање на ловечки испит и уплатиле средства за полагање на ловечкиот испит.

(2) Обврската за полагање на ловечки испит не се однесува на лица со висока или средна стручна подготовка од шумарска струка со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство и на доктори по ветеринарна медицина со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство.

(3) По доставеното барање за полагање на ловечки испит и уплатените средства за полагање на ловечкиот испит до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кандидатите кои го исполнуваат условот за полагање на ловечкиот испит писмено се информираат за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит најмалку пет работни дена пред одржување на ловечкиот испит, на адреса на живеење наведена на барањето за полагање на ловечкиот испит од страна на кандидатот, како и преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(4) Ако кандидатот по информирањето за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит не присуствува на полагањето на испитот, се смета дека не го положил истиот.

(5) По исклучок од став (4) на овој член, ако кандидатот после информирањето за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит поради оправдани причини не може да присуствува на денот на полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), а за тоа пред одржувањето на испитот го извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има право да полага во наредната испитна сесија, врз основа на претходно доставеното барање за полагање на испитот.

(6) Пред почетокот на полагањето на ловечкиот испит, стручната комисија за полагање на ловечки испит го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта.

(7) На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, користење на текстови на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

(8) Доколку кандидатот при полагањето на испитот постапува спротивно од ставот (7) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и се смета дека кандидатот не го положил ловечкиот испит за што истото се констатира во записникот за полагање на ловечки испит.

(9) За спроведениот ловечки испит стручната комисија за полагање на ловечки испит води записник.

(10) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој точно одговорил на најмалку 51% од прашањата од првиот дел (теоретски дел), и најмалку 51% од вториот дел (практичен пример) од испитот.

(11) На кандидатите кои го положиле испитот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им издава уверение за положен ловечки испит.

(12) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на барањето за полагање на ловечки испит, формата и содржината на уверението за положен ловечки испит како и формата и содржината на записникот за спроведениот ловечки испит.“

 

Член 4

Насловите пред членовите и членовите 58-в, 58-г, 58-д, 58-ѓ, 58-е, 58-ж, 58-з, 58-ѕ, 58-и, 58-ј, 58-к, 58-л, 58-љ, 58-м, 58-н, 58-њ, 58-о, 58-п, 58-р, 58-с и 58-т се бришат.

 

Член 5

Во членот 75 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:

„(4) За констатираните неправилности ловниот инспектор покренува прекршочна постапка.“

 

Член 6

Во членот 77, во ставот (1) точката 6) се менува и гласи:

 

„правното лице не ги достави доказите и програмата (член 37 став (4));“

 

Точките 7-а) и 7-б) се бришат.

 

Член 7

Во членот 78 став (1) во точката 16) зборовите „ставови (2), (3), (4), (5) и (6)“ се заменуваат со зборовите „ставови (2), (3), (4), (5), (6) и (8)“.

 

По точката 19) се додава нова точка 20) која гласи:

„20) не поседува потврда за потекло на дивечот и неговите делови (член 65)“.

 

Точките 20), 21), 22), 23) и 24) стануваат точки 21), 22), 23), 24) и 25).

 

Член 8

Во членот 79 став (1) во точката 18) во заградата по зборовите „и (3)“ се додаваат зборовите “и член 65“.

 

Член 9

Членот 80-а се брише.

 

Член 10

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесaт во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Член 11

Започнатите постапки за полагање на ловечки испит до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат согласно одредбите од овој закон.

 

Член 12

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за ловството.

 

Член 13

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

Како резултат на неодамнешниот групен лов на диви свињи во едно од ловиштата на ЈПУЗПП „Јасен“, невладините организации за заштита на животните бараат кривична одговорност од учесниците во ловот. Од Здружението „Анима Мунди“ најавуваат дека ќе ги гонат учесниците, бидејќи според нив сезоната за лов на дива свиња била завршена.

„Нашите функционери не отидоа во „Јасен“ да ја почувствуваат природата, да ги запознаат жителите на шумата ниту пак да ги заштитат жителите од уништувањето на посевите или житниците од дивите свињи. Отидоа за да се потоа фалат со тој злосторнички успех преку убивање од задоволство“, вели Столе Велковски од „Анима Мунди“.

Деновиве во Македонија се шири вест дека поголем број видни јавни личности и политичари, помеѓу кои и еден бивш премиери, поранешен министер, пратеник и амбасадор, на 31 март учествувале во организиран лов во ЈПУЗПП “Јасен“, при што за околу еден час застрелале дури 57 диви свињи од кои 21 биле со трофејна вредност и за својата страст платиле 2.400 евра. 

Ваквите ловови во кои има голема количина на застрелан дивеч им даваат на активистите за заштита на животните и на екологистите доволно материјал да ги оцрнуваат сите ловци дека основна цел им е само да ги убиваат животните, иако тоа не е суштината на ловството. Затоа во денешно време, зборот на екологистите и на активитите за заштита на животните има поголема тежина од зборот на ловците, што има негативно влијание врз самото ловство.

Page 1 of 15

Weather

Mostly cloudy

25°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 46%
Wind: N at 22.53 km/h
Friday
Partly cloudy
20°C / 28°C
Saturday
Sunny
14°C / 32°C
Sunday
Sunny
17°C / 33°C
Monday
Thunderstorms
17°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

760761
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
459
513
2352
10616
760761

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-19 15:31:41
Web Analytics